ИЗЛОЖБА НА АНГЕЛ МИОВ

Прилепско културно лето

„Во црно на бела позадина со рака нацртана слика“ е изложбата од уметникот Ангел Миов што ќе биде отворена вечерва од 20 часот во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”. Ова е деветта самостојна изложба на Миов, чиј наслов е изведен од дефиницијата за цртеж на веб страната Дигитален речник на македонскиот јазик.

– Носечкиот ликовен израз на Миов поаѓа од класичниот приод во создавањето на ликовното дело и употребата на основните сликарски  принципи кои поаѓаат од линијата како средство и симбол. Цртањето со повеќе линии одеднаш создава поинакви ситуации од кои дел се случајни, а некои се свесно одобрени. Слободните и апстрактните линии дисциплинирано формираат различен приказ – вели Маја Чанкуловска-Михајловска.

Миов освен на самостојни, бил учесник и на бројни групни изложби и во земјата и во странство.

Концерт на пијано од Бобан Мирковски

Концерт на пијано ќе одржи вечерва од 20 часот во изложбениот салон пијанистот Бобан Мирковски, кој ќе се претстави со композиции од Лист, Шуман, Хачатуријан.

Мирковски дипломирал на ФМУ. Имал повеќе солистички концерти во земјата и во странство.

Loading