И КОВАНО ЖЕЛЕЗО, И ПВЦ ДОГРАМА НА ЕДНО МЕСТО

Метало пласт инженеринг

Mladite so inovacii vo biznisot - Martin IlieskiЕден од најстарите машино-бравари е мајсторот Звонко Илиески. Работејќи во неколку фирми и стекнувајќи “полнолетство” во занаетот, веќе 20 години е самостоен, со сопствена работилница. Дизајнира и изработува ковани огради, метални конструкции, стреи, дури врши и лимарски услуги – покривање објекти со ламарина. Старата чаршија од 1977 година е негово “дело”. А развојната приказна ја почнал сам, “вооружен” со знаење. Полека го унапредил бизнисот до таа мера, што сега со обврските се носи “збогатен” со десетина вработени. Себе не се доживува како стопан, туку како работник, мајстор. Прв се качува на објектите, прв се фаќа за алатот… И стасува насекаде, навреме.

– Цел живот сум машино-бравар. Макотрпно е, оти се бара ангажман од 24 часа. Голема е и одговорноста. Секогаш сум присутен насекаде и на терен и на монтажа и во работилницата. Ретко ги оставам работниците сами – вели Илиески.

Името Звонко веќе станало препознатливо за метало-браварски услуги. Задоволен со побарувачката и не помислувал на друга бранша, иако многумина, предлагале да работи со ПВЦ дограма. Но, изненадил 24 годишниот син Мартин Илиески. Иако студирал физичка култура и е страстен тенисер, му рекол на татко му “Ти купив машини за ПВЦ”. Тргнувајќи по стапките на татко си, наместо со железни прозорци и врати, мери, крои, сечи ПВЦ профили и создава дограма. Напредува во изработката на ПВЦ, па во понудата внел и алуминиумска дограма. Затоа еснафот им пружа рака за квалитет. Нудат 10 години гаранција како директни увозници од италијанската фирма Alphacan.

– ПВЦ профилите се наметнаа одамна. Синот е заслужен што успеавме да ја збогативме програмата и квалитетот. Нема вакви-такви материјали, туку исклучиво квалитетни – италијански. Има интерес и за едната и за другата дејност. Навлеговме заеднички и нема враќање назад. Чекориме напред со искуството зад нас. Нема враќање на муштерии или одбивање – кажува мајсторот.

Umetnost so kovano zelezo - Zvonko IlieskiПрогресот е плод на максималната посветеност, постојаниот труд и љубов кон работата. Со активниот ангажиран, бизнисот полека се препушта во рацете на младиот наследник. И ќерката како дипломирана на бизнис и менаџмент, е вклучена во фирмата. Така речи, дејноста сé повеќе ја развиваат како фамилијарен бизнис.

– Нема ништо без мака. Секој може да води бизнис, но ако не се “брка” одговорно и професионално, нема опстанок. Нужно е трчање.  Иако е тешко, со желба сé е лесно и едноставно – додава младиот Илиески.

Се разликуваат од другите по високиот квалитет и по разновидната понуда. Истовремено даваат две услуги, нудејќи комплетен третман на цел објект од “една рака”. Барани се не само во градов, туку и во целава земја. Уникатни се и со најновите програми на ПВЦ столарија во боја. Штотуку добија материјал, ПВЦ со ултра мултиблок, наместо железо, за најдобра топлотна и звучна изолација. Материјалот е многу подобар и пофункционален.

– Новите профили се без железо. Ветуваат уште подобри перформанси. Поиздржливи и поздрави се за термоизолација. Дограмата во боја ја бараат оние кои знаат што е тренд. Тој што бара поевтино, останува на стандард – кажува младиот Илиески.

Покрај силната конкуренција во ПВЦ дограмата, “ветер во грбот” им е долгогодишното искуство и квалитетот. Затоа размислуваат за проширување, со нови објекти и машини, ако наидат на помош од државата во давачките. 

Loading