11 Октомври
Во стартните две кола од Третата лига – Југ кандидатот за првото место, 11 Октомври, се претстави во две изданија. Прво со високи 2-8 во Јосифово ја прегази Црвена ѕвезда, а потоа на дербито дома со Тиквеш одигра само 0-0. На клупата, покрај тренерот Дејан Кулески, приклучен е Сашо Спиркоски. Во тимот нови се браќата Христијан и Стефан Тодоровски. В недела е гостувањето кај Зорбас Победа во Мрзенци.
Останати: Млекар – Д. Езеро, Победа В. – Г. Коњари, Тиквеш – Партизан О.
Табела: Вардар 6, Борец, 11 Октомври, Превалец и Тиквеш по 4.