ЦРКОВНО ДА ПО ПЕТ ДЕЦЕНИИ

Во манстирот Света Петка во Лениште

bidermaerРечиси по 50 години, во семејна заедница, брачната двојка Виолета и Димитар Спиркоски решија бракот да го озаконат и пред Бога. Со круни на главите, во црквата Света Петка во Лениште, еден на друг, си ветија љубов, слога и самопочитување. За среќата да биде поголема, на свечениот црковен чин присуствуваа нивните најблиски, внуците и голем број роднини и пријатели. Порано немало венчавање во цркви.

Спиркоски одлучиле да бидат благословени од Бога заради улогата која ја презеле лани да бидат домаќини на манастирот за празникот Света Петка и да ја продолжат традицијата. На црковната церемонија се заколнаа на вечна љубов по словото за бракот и Светата тајна, венчание која љубов и во изминатиот половина век си ја потврдуваа еден на друг. Заедницата на животот меѓу мажот и жената е вистинска брачна заедница, само тогаш, кога е благословена, а со тоа станува света и соборна заедница, која може да ја прекине само смртта. Од светиот брак произлегува и свето семејство и свет семеен живот.

Спиркоски беа едни од домаќините на празникот Света Петка кој се смета и за заштитник на бранителите. 

Loading