Легендите се испреплетуваат со реалноста

Магијата на грчкиот остров Крит

– Важи за еден од најубавите грчки острови, чиј главен адут се преубавите плажи и убавото време

Heraklion - najdobroto turisticko mesto na KritЗа оние кои се во потрага по идеално место на море, во кое во прв ред е природата – рајски плажи, совршена клима, рибарски села, но и содржини за забава, идеално решение е островот Крит. Најјужниот и најголемиот грчки остров, се наоѓа на раскрсницата на три континенти Европа, Африка и Азија. Затоа е привлечна дестинација за туристите од целиот свет. Посебно е атрактивен поради изобилството од разновидни плажи, од кои некои се сметаат за европските Кариби, поради плажите со бел песок и посебната боја на морето на кои никој не може да одолее. Претставува и збир од различни култури и плени со специфичниот медитерански дух, кој како да е отсечен од градската жега. Го заплискуваат Егејското, Јонското и Либијското море и се вели дека на секое од крајбрежјата кои ги заплискуваат овие мориња, доживувањето е потполно различно.

Крит е остров на Медитеранот, а критчаните се народ кој својата сила и гордост ги црпи од традицијата. Кај традицијата се и митовите. На островот се создале некои од најфасцинантните митови. Еден од нив е во тесна врска со раѓањето на врховниот бог Зевс. Се раскажува како Кронос, синот на Уран (кралот на небото) и Геја (мајката Земја), се оженил со својата сестра Реа која му родила многу деца. Меѓутоа, Кронос сите ги убил, оти татко му му рекол дека ќе го убие едно од неговите деца. Реа не можела да ја поднесе загубата на децата, дошла на Крит, кога сфатила дека е бремена и го родила Зевс во пештерата сместена на високи планини. Денес таа пештера ја посетуваат многу туристи. Сместена е на ридот Диктеон и е најпозната меѓу 3000 пештери на Крит.

Според легендата, Крит е создаден пред неколку милиони години.    

Magicnite ulicki na prekrasniot pristanisten grad   HanjaДенес, Крит е најголем остров во Грција и петти по големина во Медитеранот (Сицилија, Сардинија, Корзика, Кипар…), негов украс и можеби највреден бисер. Природата била великодушна, дарувајќи го со високи и горди планини, длабоки клисури полни со свежина, уникатни пештери, пространства богати со обработливо земјиште со над еден милион маслинки, бујна вегетација, разновидно крајбрежје од непристапно,  до прекрасни плажи, спокојно море и блага клима. Закотвен е на бескрајниот тиркизен Медитеран помеѓу три континенти од секој да прими по нешто: космополитскиот дух на Европа, смирениот азиски начин на живот проткаен со традиција, афричкиот топол ветер.

Крит е древен, колку што е и современ. Приврзан е за традицијата и свртен кон иднината, и привлечен и екцентричен, динамичен и простодушен. Доаѓањето на островот не е само уживање во сонцето и благодетите на морето на прочуените островски плажи. На Крит е родена минојската цивилизација. Изградени се околу 350 манастири и цркви. Со восхитувачки икони, дела на врвни мајстори, се издвојуваат византиските места за богослужба. Многу одамна, островот се гордеел и со училиште за иконографија. На островот ја почнал креативноста познатиот сликар Доменикос Теотокополос, во светот познат како Ел Греко. Љубителите на уметноста не ја заобиколуваат родната куќа од 16 век, во местото Фодел. Крит е и дом на два славни композитори, Микис Теодоракис и Манос Наѕидакис, како и на таткото на романот Гркот Зорба, филмскиот творец Никос Казанѕакис, кој Зорба ја екранизира.

Туристичка атракција на Крит се тврдините од турската и венецијанската доба: Хераклион, Ретимно, Палеохора, Франкокастело. Домаќините ќе предлагаат задолжителна посета на Музејот во Хераклион за кој се кажува дека е еден од најпознатите археолошки музеи во светот. Посебно доживување е турнејата по Самаричанската долина. Станува збор за најдолгата европска клисура, чија убавина се доживува со  подготвеност за пешачење од 15 километри.

Посетата на остатокот од Кносос, најважниот град на Крит од праисториското време, е посебна димензија на одморот. Се претпоставува дека палатата во Кносос е изградена околу 1700 години п.н.е. Правоаголна е со околу 20.000 м2. Имала над 1000 соби, восхитувачки добар систем за одводнување, прекрасни тревници, лавиринти… А кога ќе се спомне лавиринт, почнува уште една убава митска приказна. Минос, кралот на Кносос, ја оженил Пасифај, ќерката на Хелиос и на нимфата од Крит. За да му се одмазди на Минос што не го жртвувал младиот бел бик и со тоа докажал дека е вистински крал за Крит, Посејдон ја натерал Пасифај да се заљуби во младиот бик. Така се родил Минотаур, чудовиште со глава на бик и тело на човек, кој живеел во Лавиринтот, градба која специјално за него ја направил Дедал.

Plazi na koi nikoj ne ostanuva ramnodusenКрит, не е само остров од митовите, ниту пак само за туризам. Жителите се познати земјоделци и сточари. Надалеку се прочуени маслинките и маслиновото масло, виното и сирењето. На туристите драги сувенири им се ткаенини и везани ракотворби или оригинални керамички предмети и накит. Има многу причини зошто треба да се отпатува и уште повеќе да се помине одморот. Деновите се исполнети со комодитет во одлични хотели. Располагаат со по неколку базени со морска вода. Дополнување е боженствената кујна со сите можни видови риба и доста овошје кое подеднакво годи. Ако пробате јагнешко или јарешко, се доживува мирисот на исклучително богатата флора. На Крит се живее долго. Виталноста и долговечноста на жителите е последица на квалитетната исхрана.

Во административна смисла, Крит се состои од четири области. Крајбрежјето е долго 1.100 километри, а плажите дури 115 километри. Принцот Чарлс ја запросил Лејди Ди на едно од нив. Сите градови, колку и да се слични, се приказна. Хераклион е главниот град и најголемиот туристички населен дел со луксузни хотели, добри плажи и уште поубави места за забава. Градот има и меѓународен аеродром. Тоа е објаснувањето зошто патувањата почнуваат и завршуваат тука. Агио Николаос, 65 километри источно од Хераклион, е сместен во преубавиот природен залив Мирабел. Обележје е познатото солено езеро Алмири околу кое е изграден центарот на градот. Островчето Елафониси, 78 километри од Хања, е персонификација за рај. Станува збор за островот на тишината со изобилство од бои и светлина, живописни песочни плажи со чисто море. И Хања, во подножјето на ридот Кастели, во себе има прекрасни остатоци од минатото, но и безброј природни убавини кои освојувачите не можеле да ги уништат. Украс се живописните неприродно тесни улички, со згради со криви ѕидови и шарени фасади, ниски прозори и разнобојни желузини, мали таверни, расположени луѓе, добро вино. Всушност, островот бил населен во 2700 г. п.н.е., иако денес во него може да се почувствува модерната, западна култура. Највпечатлива приказна можеби е таа за тоа кој низ историјата го освојувал Крит. Едно место за богослужба, изграден во 1320 г. како католичка црква, во времето на владеењето на Турците, било претворена во џамија и конечно во 1919 година во православна црква што е и денес. Џамијата Кучук Хасан останала недопрена. Минарињата и денес се зачувани во градското пристаниште. Многу историски зданија се претворени во хотели, ресторани и ексклузивни продавници. Фонтаната Римонди, плоштадот Платанос, Големата порта на почетокот на улицата Антистасеос, венецијанското пристаниште со тврдина, тесните улици, работилниците, автентичните ресторани, гарантираат уживање со сите сетила за добранамерните и ведри луѓе. Градот е магнет за туристи дури и во зима. Прекрасните улички и автентичната архитектура, го прават Хања град кој морате да го посетите.

Loading