В сабота и недела Цевитана бабл турнир на Могила
Утре и задутре во Прилеп ќе се одржат натпреварите во Цевитана бабл фудбал на малиот терен на Могилата. Учесниците ќе можат да се пријавуваат до почетокот на натпреварот в сабота од 18 до 21 часот, а в недела наутро. Учеството во Цевитана бабл фудбал е бесплатно за сите кои ќе пријават тим на фејсбук страницата facebook.com/Cevitana.mk или ќе се пријават на лице место на натпреварите. Може да учествуваат фудбалски ентузијасти меѓу 15-45 години и не потешки од 90 килограми.
За учесниците следуваат многу изненадувања и интересни подароци.
Граѓаните ги очекува адреналинска забава со подинамичен и поинтересен фудбал. Тимовите од пет натпреварувачи ќе играат според регуларните правила за мал фудбал, координирани од судија, со таа разлика што на себе ќе носат проѕирни топки. За сите пријавени учесници, брендот Цевитана на Витаминка, ќе обезбедат интересни подароци. Настанот ќе има многу изненадувања за посетителите.
Бабл топката е проѕирна – костим топка на дување, изработена од 100 отсто ТПУ материјал што не е токсичен и е безбеден за здравјето на оние кои играат.
Досега беа организирани натпревари во Струмица, Дојран, Битола. По Прилеп, турнирот продолжува во Охрид и завршува на крајот на август во Скопје.
Цевитана бабл фудбалот првпат се одржува во Македонија.