Комуналец замени со нови 150 корпи за отпадоци во центрот. Корпите се со пепелници. Граѓаните добиваат поквалитетна услуга и подобрување на изгледот на парковските и јавни површини.
Замената на старите корпи ќе продолжи во сите паркови во градот со што ќе се почитува законот за јавна чистота.
Јавното претпријатие со општината, на граѓаните им ставија на услуга 670 корпи од 2010 година за да се намали ѓубрето низ градот и да се собира на соодветно место.