Прозивка на 5 август

Ракомет

Новиот тренер Томче Петрески го одреди 5 август за старт на подготовките од суперлигашот Прилеп. Целиот тренажен процес ќе се одвива во градов. Исклучок се три дена од 13 до 15 август за присуство на турнирот во Струга, за следење на квалитетни дуели и контакти со ракометари и клубови.

Добро е што се задржани голманот Божиновски и средниот бек Талевски. Преговорите со можните засилувања се во тек. Желбата е да се доведе уште еден голман, десен бек и пивот. Во опција е и младински репрезентативец од странство. Реализацијата зависи од скромниот буџет.

Првенството почнува во средината на септември.

Loading