Трета доверба од УЕФА

Ирена Велевачкоска

Зачестија поканите од УЕФА за фудбалската судијка Ирена Велевачкоска. Веќе третпат е делегирана за меѓународниот развоен женски турнир У-17 во Молдавија од 27 јули до 1 август. Покрај домашната репрезентација, ќе учествуваат Бугарија, Латвија и Азербејџан. Двапати ќе биде главен арбитар, еднаш четврти со колешките од Велс, Казахстан, Молдавија и контролорка од Белгија. Добрите оценки се препорака за ново делегирање за потешки квалификациски мечеви во септември.

Велевачкоска лани стана судијка со знакот на ФИФА.

Loading