Турново на колена во Бугарија

Победа

Победа имаше десетдневни подготовки во Банско, Бугарија, каде одигра четири пријателски мечеви. Прво минимално со 2-1 загуби од домашниот второлигаш Банско, покрај водството со голот на Велјаноски. Наредниот дуел заврши нерешено 1-1 против второлигашот Пирин Разлог. И тука водеше составот на Дарко Крстески со голот на Карчески. Третиот тест беше со Ботев Враца, а епилогот е пораз од 2-1. Стрелец за прилепскиот тим беше Гешоски од пенал. Пред враќањето се одигра и последниот меч против македонскиот прволигаш Турново. Резултатот е вреден, бидејќи е забележан првиот летен триумф од 3-2. Стрелци се Гешоски, И. Мирчески и Карчески од пенал. Тренинзите продолжуваат во градов.

Победа на стартот од второлигашката сезона на 15 август игра дома со Тетекс, а во Купот на 12 август е домаќин на прволигашот Младост Царев Двор, додека ден потоа 11 Октомври го пречекува Пелистер. Младост ЦД овде почнува од 16 август со Ренова.

Loading