Могилата како пештера

Stebloto za spilaСтотина деца, млади и стари, првпат пробаа качување по јаже на дрвјата на Могилата. Дел од паркот се претвори во спелеолошки полигон. Љубопитството за истражување на пештерите го поттикна спелео клубот “Златоврв” со промотивен ден. Смелите посетители, за кои возраст и полот не беа пречка, одблиску се запознаа со науката за пештерите и спилите и практично го почувствуваа користењето на опремата и техниките.

Клубот се надева дека манифестацијата ќе прерасне во традиција за да станат поблиски спелеологијата и пештерите.

Loading