Ова лето, првпат во Македонија, ќе се одржи Цевитана бабл фудбал што претставува нова и незаборавна адреналинска забава во којашто ќе се игра фудбал, а каде секој учесник задолжително на себе носи бабл топка. Правилата во Цевитана бабл фудбал се како во регуларниот мал фудбал, координирани со судија, па сé што треба да направите е да создадете тим од пет играчи, да ги облечете бабл топките и слободно и забавно да се тркалате низ теренот, а притоа да бидете целосно заштитени. Бабл топката е проѕирна – костим топка на дување, изработена од 100% ТПУ материјал што не е токсичен и е безбеден за здравјето на оние кои играат.
Учеството во Цевитана бабл фудбал е бесплатно за сите кои ќе пријават тим на фејсбук страницата facebook.com/Cevitana.mk или ќе се пријават на 25-ти и 26-ти јули. За учесниците следуваат изненадувања и интересни подароци.
Спортската забава бабл фудбал е во организација на Цевитана и во неа може да учествуваат фудбалски ентузијасти на возраст помеѓу 15-45 години и не потешки од 90 килограми, организирани во тимови од по пет играчи. Оваа игра не се препорачува за лица со висок крвен притисок, срцеви мани, епилепсија, како и за трудници.
![]()

