Обука за планинари

Бесплатна објава

Trening za planinariПД Козјак во соработка со планинарскиот дом во Стровија организираа тридневен камп за обука на млади планинари. Точно 35 млади љубители на планината преку дружба и игра ги откриваа тајните за планинарството. Со помош на искусни планинари ги изучуваа планинарските обележја, опремата, тренираа и осознаваа за исхрана во природа. Добиваа и совети за ориентација, прва помош, логорување, врзување јазли, за да бидат подготвени планинари.            

ПД Козјак планира планинарскиот курс да прерасне во традиција со учесници и од странство. 

Loading