Амали среде чаршија

Kolicki mesto amali v carsijaСтарата чаршија секогаш била најжив дел, полна со дуќанџии, занаети, мајстори, калфи, чираци. Центар е трговијата и занаетчиството. Секој муабет, секоја новина, секој абер кинисувал од чаршиските сокаци, за на крај, пак тука и да заврши.

Дел од градското јадро биле и носачите, амалите. Тие веќе се  симбол на подалечно минато, на еден чаршиски дух од кој денес има мали остатоци. Амалите биле нишката меѓу центарот и периферијата. Со тело подвиткано од големиот товар, со наведнати глави, од пот оросени чела и поглед вперен пред нивниот чекор, чесно и достојно ваделе леб и бркале работа. Амалите пренесувале стока пред налетот на механизираните превозни средства. Конкуренција им биле запрежните коли.

Амалите се спомен за кој зборуваат само оние кои сведочеле со свои очи. Таксистите ги заменија амалите.  Го сметнаа товарот од нивниот грб. Останала само поговорката “товарен ко амал”, која се користи за претоварени граѓани, кои се враќаат дома од пазар. 

Loading