Крушата под круша кај Тофилоски

Darko Tofiloski so sinot HristijanНа тренингот на Победа се појави детуле со неполни две години. Умее да води и силно да шутира фудбалска топка. Не е многу чудно ако се знае дека се вика Христијан, син на судијката со знак на ФИФА Весна и репрезентативниот голман Дарко Тофилоски. Крушата и овде под круша паѓа. На рамниот терен таткото задоволно ги надгледуваше техниките на идниот фудбалер.

Семејството е на одмор во родниот град во очекување на трансфер од словачко Кошице во нов, поголем клуб.

Loading