Покорено Мариово со џипови

Dzipciite go oraa Mariovo dva denaДесетина прилепчани со своите миленици, теренци, учествуваа на традиционалната џип турнеа низ Мариово меѓу стотината колеги од целата земја. Низ шумските ридски патеки и дивината на атрактивното и недопрено Мариово, нашите возачи уживаа во возбудите на возењето низ природата, совладувајќи кал, големи нагорнини, ливади со високи зелени треви, непроодни карпести предели и камени козји патеки, низ води, потоци и надолнини. Турата беше долга околу 150 километри, така што мераклиите на џиповите се наполнија со адреналин до следната авантура. 

Loading