Печење цигли со пот и зорт

Macna podgotovka na cigli za pecenjeДенес се користат армиран бетон, дупла блок цигла, бехатон плочки, мермерни блокови за градење објекти и поплочување површини. А некогаш главен градежен материјал била печената тула. Се мачеле претците да направат материјал за ѕидање. Работеле во смени, без престан. Најнапред се барало салам земја, глина, за потоа да се обликува и стане зајре за ѕидарите и тесарите. Биле потребни денови со марифет да се направат тулите во калап. После се печеле циглите под оган, едновремено печејќи ја и снагата на работниците кои од себе ги фрлале дури и алиштата.

Со пот и зорт се печеле тулите. Во денешно време од плитари има уште малку градби. И денес на сонце се суши градежниот материјал, но постапката за изработка е мошне поедноставена. Дробалки го мелат каменот, а мешалки ја прават смесата која потоа врви низ калапи.

Секој  занает има свој марифет. Но и за секоја работа треба да се спотни снагата. 

Loading