Се трага во Стибера

Se otkrivaat tajnite na StiberaПочнаа годинашните едномесечни археолошки ископувања на локалитетот Стибера. Се истражува на другата половина од просторот, каде лани се откријаа сензационални наоди, како што е првото античко собрание.

Душко Темелкоски, виш кустос, вели дека просторот има мермерни блокови кои се користеле како жртвеници.

Заводот и Музеј е посветен на локалитетот Стибера, бидејќи е капитален проект на кој се вршат истражувања и конзервација.

Се планира локалитетот да биде подготвен за презентација, да биде заграден и осветлен. 

Loading