Кула од автомобили

Kup avtmoboli fateni so ogrevni drvaСтари, “јаки”, неколку стотина колишта го запоседнале дворот на Црн Бор. Купови на катови, небаре кула од разно-разни “олдтајмери” од времето на Тито, се наредиле една врз друга. Од Југо, пегла, до Застава и комбиња, Лади, трактори, камиони, арабациски коли,… која налево, која надесно, сведочат за “дрвокрадците”, кои биле фатени и им биле одземени превозните средства. Времето и така ги изгризало, ама стојат за докази во судските постапки против шумските арамии. Многу се “накотиле”, па би требало надлежните да се ослободат според законската процедура и да ги оттуѓат за старо железо. Не е лошо да се подисчисти просторот, зашто не мируваат дрвокрадците, ама не спие ниту шумската полиција. 

Loading