Кинолозите во светската федерација

Dameski so kolegite tret od levoКинолошкиот сојуз стана полноправен член на големото светско кинолошко семејство, односно членка на меѓународната кинолошка федерација. Нашите кинолози се примени под уставно име на собранието во Милано.

Д-р Панче Дамески, од нашата делегација, вели дека признанието е огромно за македонската кинологија. 

– Препознаени се вредностите на македонската кинологија, која на светот му ја подари прекрасната раса, Шарпланинец – вели Дамески.

Кинолошкиот Сојуз е основан  во 1953 година. Организиран е со повеќе од 40 кинолошки друштва, а меѓу најактивните е прилепското, со многу членови и организација на десетици меѓународни изложби.

Loading