Мулти талент

1. Iden operski pejac - Ozgen SulejmanoskiДеветтоодделенецот Озген Сулејманоски од ОУ “Добре Јованоски” несомнено потврдува дека е мулти талент. Не за џабе лани беше избран за најученик во Зенит петка. Кај и да отиде на натпревар, не се враќа без висок резултат. Го бидува за рецитација, па нема литуратурен конкурс организиран по различни поводи, а да не освои прво место. Доби награда и за најдобар регионален рецитатор. Беше избран за најрецитатор и на државно ниво.

 

 

2. Go biduva i za akterstvo - Ozgen SulejmanoskiОсвен за рецитирање, го бидува и за пеење. Вели музиката му е најголема љубов, а дека ја негува, сведочи освоената Гран при награда за оперско пеење на државен натпревар. Не помалку вреди и освоеното трето место на Ковер фест во градов.

– Уживам во секоја уметност, но посебно е чувството кога пеам на сцената. Од голема помош ми е професорката Леонарда – вели Озген, кој во иднина се гледа како оперски пеач, додавајќи дека образованието ќе го продолжи во музичко училиште.

Паралелно го развиваа и актерството. На разни школски претстави, неговата глума предизвикува смеа и задоволство.

Loading