РОДЕНДЕНСКА ЗАБАВА СО НОВА ПЕСНА

Стефан и Лидер Бенд

Mitkoski so  kompozitorot Miloseski i so tatko muПрвиот роденден Стефан и Лидер Бенд го прославија со промоција на новата песна Калдрма. Во ресторан Лаки долго најавуваната песна никого не остави рамнодушен. Музиката и аранжманот е на Горан Милошески, текстот е на Огнен Неделковски. Покрај вокалот Стефан Миткоски, во бендот се Кико Стојчески (саксафон, кларинет), Горан Цветаноски (хармоника), Александар Ѓорѓиевски (тапани) и Горан Пупунчески (бас и сајзер).

Мразот во музичките води Стефан го скрши со настапот на “Ѕвездите на Гранд” 2014 каде првпат настапуваше. Растел со поп и рок музика, а дома го задоиле со народната музика. Среќен е што музичката екипа е со професионализам и стремеж кон ново, првенствено кон успех. Настапуваат во ресторани, а на посетителите им нудат прекрасна забава за сечиј вкус.

Loading