Една трпеза за свештеници и оџи

Moilitva pred zaednicki rucekСвештениците на прилепското намесништво на МПЦ и оџите од ромската исламска заедница имаа традиционална трпеза во црквата Свето Благовештение. Веќе осум години свештениците на ромската заедница се гости на поповите една недела по велигденските празници.

Намесникот, отец Блаже Станкоски, оценува дека средбите го негуваат коректниот соживот и ја поттикнува толеранцијата на различностите како богатство на заедницата.

– На високо ниво е соживотот и разбирањата на разлините верски и национални заедници во Прилеп – изјави градоначалникот Марјан Ристески, кој беше иницијатор на заедничкиот ручек уште пред осум години.

Ромската верска заедница, честитајќи го празникот, ги покани свештениците на заеднички ручек за Курбан Бајрам, како што се одржува воспоставениот обичај повеќе години.

Локалните власти помагаат при градбата на новата црква во Точила и на новата џамија во Тризла.

Loading