Гага влез во стадионот

Gledacite se rasporeduvaat na juznata tribinaНе се родил таков кој ќе излезе накрај со прилепчаните. И најголемиот мешетар Џаро за концертот на Лепа Брена и Мирослав Илиќ бадијала се израдувал на преполниот стадион “Гоце Делчев”, кога продал само седум илјади билети. Останатите влегле со пријатели или преку ѕид. И во саботата битолчани решија да продаваат по 100 денари влезници за фудбалскиот меч Пелистер – Тетекс, а дека не спечалија многу, не треба пресметка. На југоисточната страна имаше гага влез, поради паднатиот ѕид. Чуварот прво не дозволуваше, но гледачите беа поинаетчии и кога тој си замина, сите се истурија на трибината.

Loading