Македонците масовно ги пречекаа Велигденските празници во црквите во САД. На воскресението Христово во црквата Св. Никола во Њујорк се собрале околу илјада верници. Цели фамилии со симболот на празникот ја одржуваат традицијата и корените, иако се илјадници километри оддалечени од татковината.