Саем за кариера и семинар за лидери

Бесплатна објава

На Економскиот факултет

За развивање на лидерските вештини кај младите, студентската организација АИЕСЕК во Економскиот факултет организираше Саем за кариера и семинар за лидерство. Целта беше студентите да се запознаат со условите за понатамошно вработување или пракса кај реномирани македонски компании од рангот на Витаминка, Комфи Ангел, Пелистерка, Шпаркасе банка и Алфа банка.

Околу шеесетина млади покажаа аспирации за водачи на семинарот за лидерство. Слушнаа интересни сесии на различни теми и научија повеќе од искуствата на предавачите Марија Илиеска, Ваљон Садики, Нела Јолеска и Жарко Димитриоски од емисијата Еден на Еден. 

Loading