Црквата Свето Благовештение за Велигден спроведе хуманитарна акција со која израдува 90 социјално загрозени семејства. Со доделените пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена, донирани од верниците, сиромашните можеа да ја почувстуваат благодатта од големиот христијански празник и да приготват скромна трпеза за најблиските.
Свештенството, црковното настојателство и вработените од парохијата, организираат хуманитарни акции и за Божик и за Свети Никола.