Дестинации за млади и возрасни

Туристичка агенција Балкан Нет

Avantura so Balkan Net“А” лиценца за работа со млади, младински групи и индивидуални туристички патувања е основниот белег на туристичката агенција Балкан Нет.

Со седиште во Струга и експозитури во повеќе градови, меѓу кои и Прилеп, Балкан Нет како дел од Кинг – С корпорацијата десет години успешно функционира во туризмот од секаков вид. Името на агенцијата Балкан Нет (Балканска Мрежа) и почетоците во работењето се плод на интересна приказна напишана со заеднички сили на младите Македонци, Срби и Бугари во полето на младинското дружење и соработка.

– Првите деловни чекори ги направивме со балканските студентски игри, по примерот сите електро факултети (Електријада), сите машински факултети (Машинијада)… На наше задоволство пет години имаше врвулица од студенти од сите факултети од Балканот – вели  сопственикот Петко Кутаноски.

Огромен е бројот на ученици – основци, средношколци, студенти, кои во нивна организација ја запознале својата татковина, ја откриле културата на околните држави, згазнале на плочките од плоштадите и дворците во некои европски метрополи и го оствариле сонот, дизајниран со луксузни спомени. И многу повозрасни граѓани, двојки, семејства ги уживале зимските или летните аранжмани на некои атрактивни дестинации, а кои биле и наградени со попуст или изненадени со подарок. Балкан Нет длабоко навлегува во душата и потребите на секој човек, внимавајќи на аспирациите на муштериите дека екскурзиите се незаборавно и драгоцено животно искуство.  

2. Komfor vo ekspuziturata na Balkan Net vo Prilep– Голем е интересот за патување на прилепчани. Постојано овозможуваме богат избор на сите привлечни туристички места. Како агенција со предзнак туроператор (организатор на комплетно сопствени патувања), го проширивме спектарот во доменот на стандардните патувања – додаде прилепскиот партнер Митко Златески.

Агенцијата негува младешки и авантуристички дух. Ги отвара железните порти на мистериозната Албанија и го открива дивото, недопрено, бисерно јадранско и јонско крајбрежје, по ниски цени. Иновативноста го достигна врвот кога на апсолвентите им овозможи да го посетат вештачкиот тропски остров во Германија и да се стоплат од ладното време и дополнително им подели ваучери за бесплатен летен одмор како би ја продолжиле дружбата. Услугите се примамливи по можноста за плаќање на рати, зашто агенцијата е создадена од човек кој немал многу пари, наследство или барем започнат бизнис, но кој точно знае како е да се сака да се оди на одмор или на некое патување, а тоа да не може да се плати наеднаш.      

Балкан Нет воведува нови услуги. Во намера да ги одврати децата од виртуелниот свет на компјутерите, годинава организираат летен камп за деца од шест до 18 години. За студентите да го почувствуваат спојот меѓу патување и работа ја подготвуваат програмата Њорк анд Травел, а за сите останати категории граѓани актуелни се првомајските понуди за Италија (романтичната Венеција) и Турција (ориенталниот Истанбул).

Балкан Нет убавината која ја поседува ја истакнува без шминка, само со реалност и отвореност спрема клиентите.  

Loading