Рок мементо за Бустерот

Kerkata ne go zaboravi tatko si - Sara i ToniЗа годишнината од смртта на гитаристот Тони Бустерот, со свирка како некогаш, почит му оддадоа колегите, музичари, најблиските роднини и пријателите во Арт кафе. И ќерката Сара посвети неколку збора за неизмерната родителска љубов. Со солзи во очите и празнина во срцето  наследничката на Бустерот се заблагодари за музичкото мементо на гитаристите, басистите, синтисајзеристите, тапанарите, солистите, кои ја споделувале естетиката на рокот и везот на соло и ритам гитарата на татко í, уживајќи во акордите излезени од струните.  

Loading