Романтичен Пивофест со Дино Мерлин и Оливер Драгојевиќ?

,,Magdalena,, i ,,Svicarska,, - Dragojevik i MerlinСентименталните мелодии и хитови на Дино Мерлин и Оливер Драгојевиќ, годинава ќе ги уживаме  на 13 – то издание Пивофестот во јули. Од локалната самоуправа никој не потврдува ниту демантира дека е постигнат договор меѓу забавувачите да бидат двајцата возрасни, но уште популарни интерпретатори од Босна и од Хрватска со широк спектар на хитови.

Мерлин годинава ќе полни 53 години и се одржува на естрадата повеќе од три децении и по распадот на групата Мерлин како солист. Един Дервишхалидовиќ, како што му е вистинското име, имаше спектакуларен концерт неодамна во Скопје. Познавачите на музиката го нарекоа триумфален, зашто успеал да ги засени многу помлади интерпретатори. 

Далматинецот Оливер Драгојевиќ ја живее 68 година. На естрадата е атрактивен половина век. Се памети по сплитските фестивали и далматинската фолклорна нитка во популарните песни. На ветеранот со пијано му ракоплескаат три генерации.

Loading