ДЕЛКАЧИ НА СНЕГ

Le pravat umetnost od snegВо изградбата на “Снежниот град”  во зимскиот центар Попова Шапка учествуваат и 20 прилепски ученици. Придружувани од професорите – ментори, Златко Думбалоски, професор по физичко и здравствено образование од “Добре Јованоски” и Бобан Петрески професор по ликовно образование од “Кире Гаврилоски – Јане”, вредните ученици пет дена делкаа снег и од студената бела маса да градат дворци од бајките.

Во креациите во снежно белата површина ќе се воодушевуваат посетителите кои ќе сакаат да ги видат ремек делата направени од снег, мегу кои и градскиот саат.

Градоначалникот Марјан Ристески со пригодни пакетчиња им посака на креаторите на белата убавина пријатен престој. 

Loading