ИНДИЈАНЦИ ЗА ПОКЛАДИ

Kumurce i perduvi vo maskiteТрадицијата на празникот Поклади се негува со години. И во времињата кога славењето на Прочка било малку затаено, позатскриено, децата не се срамеле и плашеле да ги стават суратите, да се “преправат” и да парадираат низ градот и по роднините и пријателите. Кога малку се “пушти фронтот”, кога прославата на празниците ја презел градот, се организирале дефилеа за Поклади и Нова Година.  Ќеф била и подготовката на маските неколку дена, изборот на маската, облеката , шминкањето и подготовката на групната маска. Една таква фотографија останата низ фиоките дојде до нашите раце и ја споделуваме со вас. Некои од децата, можеби денес дедовци и баби, ќе се препознаат и ќе се сетат на моментите кога се одржувал адетот. Сликата, не само кај нив, туку и кај сите возрасни, а и кај младите генерации ќе предизвика чувство на радост од одржувањето на традицијата некогаш и сега.

Loading