БЕЗ НИКАКВИ ИЗМЕНИ

Жито Прилеп

Нема никакви измени во играчкиот кадар на женскиот суперлигаш Жито Прилеп. Тренерот Жане Дисоска, за пролетниот дел од првенството, ќе ги има сите кои есеноска го носеа товарот во битката за бодови: Стојанова, Богеска, Кукоска, Гичева, Камческа, Јаковлеска, Рипилоска, Митреска, Данаилоска, Аџулеска, Ристеска со трите засилувања од страна Михајлова, Саздова и Крстевска. Нема најава за засилувања.  Најважно е што остануваат верни ракометарките, односно што екипата се натпреварува во Супер лигата.

Тимот влегува во последната подготвителна фаза. Се очекуваат барем неколку пријателски мечеви до првиот првенствен дуел на 7 март дома со Вардар СЦБТ.

Loading