Карате
Европското јуниорско – кадетско првенство во Цирих помина без медал за прилепските каратисти, но настапите се добредојдено искуство. Најдобар меѓу седуммината претставници на градов имаше Андреј Ристески (Спорт 94), седмопласиран во борби. Успеа да победи Германец, загуби од Шпанец и Французин. Без пласман беа двата ката тимови, со по една победа и пораз.
На првенството, Македонија освои четири медали, а најдобра со 19 е Франција.
![]()

