ПРИЛЕПСКОТО ТВОРЕШТВО НА МИНИАРТУРА

Творештвото на осуммина наши уметници меѓу 49 македонски творци, е претставено на изложбата “МиниАртура”, што ја отвори ДЛУМ во Скопје. Со по едно, некои со по две или три дела се претставени Драган Верговски – Алпи, Марјан Стојаноски, Тони Чатлески, Илија Кавкалески, Моника Каргова Десоска, Билјана Бинчев, Васил Костов и  Кирил Гегоски, чии дела имаат мал формат, а на кои е претставен авторскиот концепт за оформување на делото како посебен мисловен процес и ликовен  израз.

– Духот на минијатурата се гледа преку компактноста на композицијата и способноста на уметникот да се изрази во ограничен формат, да ни прикаже само еден исечок од целина – велат од ДЛУМ, потенцирајќи дека наградата Златна четка годинава отиде во рацете на уметникот Илија Кавкалески за делото “Апстрактна слика”.

Уметниците имале можност без ограничувања, самостојно да ги избираат медиумите во кои ги создаваат делата, со што се нагласува автентичноста на нивната визија за “големината” на минијатурата.

Loading