ЕДЕН ТЕСТ

Фудбал

Победа и по завршувањето на третолигашката полусезона, според програмата на тренерот Златко Петрески продолжува со секојдневни тренинзи на стадионот “Гоце Делчев” до крајот на месецов. Присуствуваат сите првотимци, кои го носеа товарот во првенството кон освојување на првото место. Беа предвидени и пријателски мечеви, но поради немање адекватни противници одигран е само еден. Во Могила, битолско, резултатот беше 1-1.

Во зависност од стартот на пролетниот дел, ќе биде одреден и денот за зимската прозивка на Победа.

Loading