Благоја Мината
На 85 години, животот го заврши Благоја Миноски – Мината, фудбалски работник и некогашен директор на Пелагонија турист. Во три мантади, меѓу 1970 и 1987 година, беше претседател на Победа. На функцијата доаѓаше за консолидирање на клубот или за враќање во второлигашкиот југословенски ранг. Во најтешкото беше смирен, одмерен, не бараше причини за неуспехот надвор, туку во клубот. Во 1980 година, кога Мајданпек и Титоград одиграа сомнителни 1-1, а отпадна Победа, Мината изјави: “Ова не значи збогум, туку догледање на втората лига. Ќе видиме каде грешевме. Победа била и останува голема. Бргу ќе се врати каде í е местото”.
![]()

