ЧАВКИТЕ СЕ ШТЕТЕН ДИВЕЧ

Ловџиите на друштвото Мукос отстрелаа неколку стотици чавки, населени по дрворедите. Според претседателот Златко Петрески, за акцијата биле известени полицијата, ЈП Комуналец и инспекторот за лов, а биле информирани и граѓаните преку локалните медиуми.

– Реагираа граѓаните дека илјадниците чавки преку изметот им ги оштетуваат автомобилите и го загадуваат градот. Штетите требаше ние да ги сносиме, ако не се редуцираат. Извршивме отстрел на чавки, кои не се заштитени со закон. Обврзани сме да ги намалиме јатата, ако прават штети по имотот на граѓаните и ако го загрозуваат здравјето на луѓето. Извршивме баланс при наглото нарушување на природната рамнотежа и да го спасиме и полезниот дивеч – вели Петрески.            Според него, граѓаните не биле доведени во опасност, бидејќи употребувале ситни сачми, а за вознемирувањето биле информирани.   

Loading