МЛАДА ПАРТИЗАНКА – БОРБА ВОДЕЛА

Nekogasniot spomenik na plocnikot kaj Na-MaБорбен прилепски дух на мермерна плоча со делкана фигура на млада партизанка со нешто во раката – пушка, ранец, кренат е на плоштад. Момата е фатена од страна со долга плетенка на рамото.

Пораката е јасна. Токму на плочникот на шаренило од сиво и бело тло, девојката се “одмора” каде младите почнувале да го нагазуваат и заземаат просторот за шеткање, истегнување на нозете. Како начин на одмор од мисловната “борба”. Размрдување на идејниот дел за културно -забавен живот. Бил период пред активирање на маалската “каписла” за дружба на заедничко корзо од сите страни на градот.

Калдрмената улица дава шмект. Посебно раздвижениот возен парк. Има автомобили, кои и денес се влечат по улиците. Малку се лизгаа бело – црвените автобуси по модерните “европски” улици.

Се натокмила, се дотерала Старата чаршија, со “личотија” дуќани во дослух со здивот на времето, на ударните градителски акции. Тогаш кога се потенцира слобода во секоја смисла. А и раздвижени граѓани, на кои не им сметаше да крстарат низ сокаците на Старата чаршија под немиот звук на градскиот часовник и минарето на џамијата.      

Loading