СОРАБОТКА СО ,,БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

Во Библиотека

Читателите од Библиотеката имаа можност да се запознаат со  сродната институција “Браќа Миладиновци” од Скопје. Како што вели директорот Петар Петрески оваа меѓубиблиотечна соработка е со цел запознавање на нашите сограѓани со можностите на скопската институција, по нивното претставување во главниот град.

Бранко Цветковски, директорот на “Браќа Миладиновци” изјави дека е горд на првата соработка во Македонија и дека читателите ги запознале со одделението за дигитализација, со големите проекти од државно значење и за меѓународната соработка што ја имаат со повеќе библиотеки од метрополите на Балканот и во Европа, како и за новите потфати на инфраструктурен план.

Loading