На регионалното музичко ТВ шоу “Ѕвездите на Гранд”, 22 годишниот Ален Хасановиќ го вчудоневиди жирито со својот глас на изведбата на песната на Здравко Чолиќ, “Као моја мати” и влезе во вториот круг од натпреварувањето. Младиот пејач беше рамен на оригиналната верзија, а комисијата за оценки, меѓу која е и Лепа Брена, без размислување даде позитивна оценка.
Таа среќа ја немаша нашиот Стефан Миткоски. И покрај раскошниот глас, тој не успеа да се квалификува во вториот круг. За утеха од вториот обид ќе му остане фотографијата со Брена, чекајќи ја новата шанса.