ПОПОВИТЕ КАЈ ОЏИТЕ НА РУЧЕК

Tradicionalnasredba na popovite i  odziteПо повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам се одржа заенички свечен ручек на претставниците од различните верски заедници во населбата Тризла. Традицијата да се среќаваат претставниците на различните верски заедници, заедно со градоначалникот Марјан Ристески, не изостана и годинава, бидејќи се демонстрира реалноста на сожителството, респектот на различноста, како богатство на заедниците.

На една трпеза седнаа претставниците од прилепското намесништво на МПЦ кај домаќините од исламската религиозна група Ехли Сунет  Вел Џамат.

Градоначалникот Ристески изјави дека празникот е потврда за вековниот соживот меѓу православните верници и Ромите од исламска вероисповед.

Оџите се гости кај свештениците за Велигден.              

Loading