НЕМА НОВО НА СТАРО КОРЗО

Isto ambient na staroto korzo i nekogas i sega Некогашната тесна линија или тесна нестандардна пруга одамна не е во функција. Дел од неа, заедно со металните прагови со децении е ограда на ОУ “Рампо Левката”. Маалото околу се вика Старо корзо, по местото каде по ослободувањето се шетале младите по патот кон чешмата на Крстот и Брдото, каде подоцна бил изграден Паркот на револуцијата.

Освен асфалтот и неколкуте нови куќи речиси сé е исто на местото за средби, прошетки и намигнувања на младите. Како пред повеќе од половина век, сведоштво од старото корзо е старата зграда на железничката станица и реконструираниот придружен објект на службата за венчавки.

Генерациите со полно емоции, кога шпацираат кон паркот, се навраќаат на “улавите години”, на забавите во кафеаната на Паркот и на лудориите што одат со возраста и времето.

Градските власти најавија дека и Старото корзо ќе се претвори во авениска улица.   

Loading