СЛАВКОСКА ЌЕ СПАСУВА ОД ПЕШТЕРСКИ НЕСРЕЌИ

Zena ke spasuva nastradani - Aleksandra SlavkoskaСпелеологот Александра Славкоска од Спелеолошкиот клуб Златоврв, е прва девојка од Македонија која ја помина меѓународната обука за спасување во пештери, што се одржа кај Деспотовац, Србија. Обуката ќе му помогне на клубот и на земјава да се зајакнат човечките капацитети за дејствување при катастрофи, превенција и подобрување и проширување на соработката меѓу спелеолозите и спасителите од Балканот. Славкоска стекна знаења за усогласувањето на техниките и стандардите за спасување во пештери, што овозможува подготвеност за заедничко реагирање и во несреќи од поголеми размери. Таа е петти спелеолог од СК Златоврв, која го заврши курсот, на кој учествуваа 21 планинар од девет земји, меѓу кои и од Македонија. 

Loading