Марифетот за подготовка на кори на традиционален начин го покажаа неколку десетици домаќинки од земјава на манифестацијата Јуфкијада во Мариово. Тоа беше можност жените од разни возрасти да ги демонстрираат мајсториите, учени од своите баби и едновремено да ги пренесат на своите наследници.
Организатор беше федерацијата на фармери во соработка со општините Прилеп и Кривогаштани.
Градоначалникот Ристески изјави дека со манифестацијата се афирмираат и природните убавини на Мариово и се актуелизира селскиот туризам.