СТОТИЦИ БОЛДЕРИ ЌЕ СЕ ПЕНТЕРАТ ПО КАРПИ

Adrenalin izvira od karpi so bolderingДо недела, градов ќе биде домаќин на неколку стотина болдери од целиот свет. Погодната конфигурација на теренот овозможи Прилеп да се етаблира на светската карта за екстремни спортови, како атрактивно место на љубителите на болдерингот. Локациите околу Марковите Кули, Камена баба и Трескавец се продолжение на натпреварувањата на качувачите по камени грамади само со рацете и нозете во Романија. Следната дестинација на болдерите Грција, а епилогот на турнеата по возбудувања е Анталија, во Турција.

Градоначалникот Марјан Ристески изрази задоволство што Прилеп постепено прераснува во светска дестинација за екстремни спортови, промовирајќи ги потенцијалите за развој на спортскиот туризам.

Француската фирма за болдеринг опрема Пецл сними тв филм во околината со природните карпи. 

Loading