ЗАЉУБЕНИ ВО БОДРУМ

Edno od sedumte svetski cHuda - BodrumНа местото каде се среќаваат Егејско и Средоземно море, точно наспроти грчкиот остров Кос, се наоѓа полуостровот Бодрум, а на него истоимениот град. Старото име на Бодрум е Халикарнас, каде се родил Херодот. Многубројните камени остатоци сведочат за бурното минато. Над градот уверливо доминира тврдината Халикарнас, како единствен примерок на средновековната архитектура. Тврдината некогаш била затвор, а сега е претворена во подводен археолошки музеј, со експонати кои датираат уште од бронзената доба. Во Бодрум се наоѓа и едно од седумте светски чуда од античко време – гробницата на кралот Маусолус, од која настанал називот за монументални гробници – Мавзолеј. Бодрум ја носи репутацијата како центар на турската уметност, со многубројните мали галерии и воопшто пријателската и боемска атмосфера на градот со која тој дише.

Додека ноќите во Бодрум се бучни и преполни со млади желни за забава, малите села во околината нудат нешто сосема поинакво – удобни таверни и ресторани со релаксирачки поглед на морето. До овие мали места лесно се стасува. Изборот на превоз е опширен – автомобил, мотор, па, дури и брод. Недопрените села и куќи во околината, обоени во бело и пурпурно, еднакво се интересни за туристите како и песочните плажи кои се протегаат со километри, а се идеални за љубителите на водените спортови.

Bodrim bleska i nokeВо Бодрум се наоѓаат веројатно најпознатите турски плажи. Популацијата во летните месеци се зголемува за дури четирипати. Градот е собиралиште на филмските ѕвезди и елитата од цела Европа. Тука е и познатата дестинација на бродски тури The Blue Voyage. Бодрумските плажи се одлични за нуркање и пешачење. Предизвикуваат на посета  со близината и историските знаменитости и природни чуда, како што се Ефес и Памуккале.

Освен плажите, Бодрум е фантастичен за ноќен живот. Авантури се дожувуваат на журките, кога се останува буден до раните утрински часови во некој од најдобрите клубови во светот.         За некои екслузивни места е неопходна придружба. Во текот на денот може да се посети некоја од бескрајните песочни плажи. Се препорачува капење што е можно порано на утро, за да најдете добро место. Водата околу Бодрум е релативно плитка, што ја прави потопла и идеална за освежување од јакото сонце. Под водата ќе видите камчиња со тиркизна, зелена и други бои, како што ги прави отсјајот на сонцето.

Ако се изземат некои од бродовите кои поминуваат, морето е релативно тивко и мирно. Ако сакате да пробате некој воден спорт, се  оди на крајот на плажата, или уште подобро, се резервира тура на некое изолирано островче, каде никој нема да ви смета во спортските активности.

Marina za stotici jahti i turisti -  BodrumНиту еден пат до Бодрум не е комплетен без излет до Кушадаси, кој исто така има преубави плажи. Оттаму може да го посетите и Ефес, антички, грчки, а подоцна и римски град. Урнатините се одлично зачувани, а прошетката меѓу нив е бесплатна. Иако на располагање има водичи, не се потребни, затоа што знаците пред секој остаток од антиката се од голема помош.

Се верува дека во близина на Ефес се наоѓа и куќата каде умрела Девицата Марија, која можете да ја посетите и да се напиете од светата вода што тече од славината.

Домаќините велат дека овде сонцето поинаку свети, ноќите подолго траат, а пијачката нуди повеќе радост. А истакнуваат уште нешто. Ако во Бодрум стасате како самец, дома ќе се вратите заљубени – сигурно во Бодрум…

Loading