СКОКА КАКО ОЛИМПИЕЦ

Не му тежат 70 години на Ѓорѓија Гога – Најче

Kako na olimpijada - Gorgija Goga - NajceМеѓу младите капачи, главно тинејџери, на Градскиот базен секојдневно е 70 годишниот Ѓорѓија Гога –  Најче. Не само што плива, туку скока од двете скокалници. Тоа го прави со леснотија, како олимпиец. Без одмор скокна десетпати за десетина минути, а потоа правеше свеќа и склекови.

– Некој паднал во вир и си рекол, да бев помлад ќе прескокнев. После признал; “И тогаш истиот бев”. Тој што можел млад, може и на старост. На 14 години пливав од Асамати до Претор – вели Гога – Најче.

Кога бил фудбалер во Победа, вошеесеттите, секој ден со соиграчите пливал во базенот.

Loading