ЕКИПА НА ГОДИНАТА Е МАМЕЦ

Vesti ribolovci od MamecЕкипата на риболовното друштво Мамец го зазеде третото место во Купот на Македонија – Илинден меѓу девет екипи кои ги надмудруваа рибите на Тиквешкото езеро. Со третата позиција во Купот и со првата во Лигата, Мамец стана екипа на годината и ја одбрани ланската титула. Првото место ќе ги однесе на светското првенство во Италија в година риболовците Блаже Николоски, Иван Илијевски, Рубин Николовски и Оливер Спасески со тренерот Кирил Николоски и претседателот Борче Ристески. 

Loading