ПРАВЛИВИ СОКАЧИЊА ПРЕД КАЛДРМИСУВАЊЕ

Starata carsija megu dvete svetski vojniПрилеп низ годините. Стамено ги крепи “мизеријата”, сиромаштијата, но и соживотот. Живее со “тупотот” на копитата од коњите и магарињата по правливите сокачиња на Старата чаршија, со незаменливите шешири и облеката од шајаци кои го штитат телото. Дали оваа слика покажува дека чаршијата не била калдармисана, не може да се одгатне. Според прашината, изгледа дека фотографијата е направена пред да се стави камен низ ќошињата, како што некогаш ги викаа чаршиските сокаци.

Тука се и турските семејства со кои прилепчани граделе отсекогаш пријателски односи. Извишената џамија е сведок за тоа. А за да се стигне до неа и Градскиот часовник треба да се помине покрај малите дуќани, низ тесните сокаци, да се поздрават мајсторите, кои мамеле муштерии од под сенките на платнените настрешници. 

Loading